За нас

Област на делување

CHICHEVALIEV & ILIJOVSKI INTERNATIONAL LLC е формирано со цел обезбедување на консултантски услуги и поддршка на физички и правни лица од областа на бизнисот и инвестициите.

Главен фокус на Друштвото е обезбедување консултантски услуги и поддршка на основање, развој и проширување на компании, поддршка на инвестиции, поддршка на бизнис вмрежување и развој на бизнис мрежи.

Целна група на Друштвото е застапување на македонски правни лица и правни лица од Соединетите Американски Држави без разлика дали истите оперираат во Македонија, Соединетите Американски Држави или на други странските пазари.

Во оваа насока Друштвото се стреми да обезбеди

  • Услуги за поддршка на инвестиции,
  • Услуги на бизнис вмрежување,
  • Формирање на нови правни лица,
  • Организирање на подружници или ќерки фирми,
  • Изработка на бизнис проекти,
  • Процена на правни ризици,
  • Анализирање на македонското и странските законодавства,
  • Компаративни студии на законодавства,
  • Поддршка при вработување на менаџерски кадар и вработени лица,
  • Длабинска анализа (due diligence) на потенцијални деловни партнери,
  • Аутсорсинг услуги.

Историја
на компанијата

2020

CHICHEVALIEV & ILIJOVSKI INTERNATIONAL LLC 

Адвокатското друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ И ИЛИЈОВСКИ основа ќерка фирма во Чикаго, Илиној, САД.