Услуги

Целта на CHICHEVALIEV & ILIJOVSKI INTERNATIONAL LLC е да овозможиме висококвалитетни услуги во областа на:

Услуги за поддршка на инвестиции

Услуги на бизнис вмрежување

Ние сме тука да ви помогнеме во овој ваш деловен потфат и да ви помогнеме да донесете добро информирани и прецизни бизнис одлуки за проширувањето на вашиот бизнис во САД. Подготвени сме да ги преземеме сите неопходни чекори во насока на решавање на сите правни прашања кои може да произлезат од вашиот деловен потфат и да ви овозможиме прецизно и професионално правно насочување во спроведувањето на потребните постапките за инвестирање и по влегувањето на вашиот бизнис на Американскиот пазар.

Ние ќе биде со вас во секој од овие чекори:

01

Организирање на подружници или ќерки фирми

02

Вработување на менаџерски кадар и вработени лица;

03

Длабинска анализа (due diligence) на потенцијални деловни партнери.

CHICHEVALIEV & ILIJOVSKI INTERNATIONAL LLC може да ви помогне во наоѓањето бизнис партнер во САД. Дополните за вашите потреби можеме да извршиме анализа на бизнис состојбата и можностите на вашиот потенцијален бизнис партнер или да извршиме длабинска анализа (due diligence) на комплексни трансакции. Подготвени сме секоја ваша зделка да ја направиме правно безбедна.
CHICHEVALIEV & ILIJOVSKI INTERNATIONAL LLC е компанија која е подготвена да ви овозможи соодветна правна помош во решавањето на било кое имиграционо прашање кое го имате. Нашиот тим на професионалци ќе ги спроведе и ќе ве води низ сите потребни чекори во имиграционите постапки и ќе ги отстрани сите евентуални имиграциони пречки за функционирање на вашиот бизнис.

Подготвени сме да ви пружиме правна помош, правно застапување и да ги обезбедиме најдобрите солуции за вашиот бизнис, во постапки за:

  • Инвеститорски визи;
  • Пренос на менаџери и вработени; работни дозволи;
  • Дозволи за постојан престој – зелена карта.

Дизајнирајте го вашиот бизнис без грижи за било какви пречки од имиграционен карактер. Вашата иднина е нашиот бизнис.

CHICHEVALIEV & ILIJOVSKI INTERNATIONAL LLC ќе го преземе решавањето на сите правни прашања неопходни за успешно да го понудите вашиот продукт или услуга на Американскиот пазар. Ние сме подготвени да ви овозможиме правна помош и заштита на вашата инвестиција во сите видови постапки поврзани со:
  • Даноци и даночни постапки (на ниво на држава-членка на САД и на федерално ниво),
  • Заштита на права од интелектуална сопственост (авторски права, трговски марки и патенти);
  • Менаџмент на човечки ресурси (поддршка при селекција и вработување на стручен кадар);
  • Преговарање и подготовка на сите потребни договори во согласно со принципите на обичајното право (common law) или правото на соодветната држава-членка на САД;
  • Сите видови трговски трансакции и подготовки и презентации на бизнис планови, стратегии и анализи.
Нашиот тим од професионалци во соодветните области, постојано ќе биде со вас во секој момент од вашето работење.
Нашиот тим ќе и овозможи на вашата компанија висококвалитетно застапување во сите правни работи кои можат да произлезат од вашето трговско или корпоративно работење.
Нашиот успех го засноваме на формулата: Партнерство, Креативност и Резултати.

Дозволете ни да ви покажеме што Партнерството, Креативноста и Резултатите можат да направат за вашиот бизнис.